Кристијано Роналдо е најзаслужен за победата на неговиот Ал-Наср од 0:1 на гостувањето кај Ал-Ахли во 24-тото коло во саудиската Про лига.
Голот вреден три бода за Ал-Наср, Роналдо го постигна во 67-та минута од пенал.
Ова воедно беше 50-ти гол за Роналдо во дресот на саудискиот тим. Роналдо постигна уште еден гол, во првото полувреме кој беше поништен поради офсајд.
Тој за Ал-Наср потпиша на почетокот од минатата година и со своите игри покажа дека и на 39 години, сè уште е еден од најдобрите играчи на светот.
https://twitter.com/i/status/1768739445623144610