Денес на програмата се два натпрвари од 20-тото коло на од Првата кошаркарска лига на Македонија, но и доигрувањето на прекинатиот натпревар помеѓу Чаир и МЗТ Скопје.
Возбудувања се очекуваат во скопската населба Кисела Вода, на дуелот помеѓу Академија ФМП и Гостивар. Домашните со евентуална победа ќе фатат приклучок кон екипите кои се борат за влез во плеј-офот, но и за опстанокот, а Гостивар со победа речиси сигурно влегува помеѓу најдобрите осум на табелата, а со тоа и ќе си го загарантира опстанокот во прволигашката конкуренција. Тому гостиварци се фаворити на овој меч со квота од 1.32 за победа во понудата на Sport Life.
На вториот натпревар, лидерот на табелата Работнички, на домашен терен го пречекува Кожуф од Гевгелија и се очекува да има лесна задача и со нова победа да го задржи врвот на табелата.
Вечерва во 21 часот ќе се доигра и прекинатиот натпревар помеѓу Чаир и МЗТ Скопје, но овој пат без присуство на гледачи. Во моментот на прекинот, МЗТ Скопје имаше предност од 42-44.