Тимот кој се натпреварува во англискиот Чемпионшип, Ковентри се пласираше во полуфиналето на ФА купот, што значи дека ќе игра на „Вембли“, откако на неверојатен начин го совлада Вулверхемптон со 3-2.
Сите пет гола паднаа во второто полувреме. Ковентри поведе со еден контроверзен гол кој дури пет минути беше проверуван со ВАР технологија, а во 83-та и 88-ма минута премиерлигашот даде два гола за пресврт.
Сепак, тоа не значеше дека Ковентри се предав, напротив, длабоко во судиското продолжение, во 97-ма и 100та минута дадоа голови за чудо и меч кој уште долго ќе се раскажува.
Ова е голот кој го носи Ковентри во полуфинале:
https://twitter.com/i/status/1769005467961851986