Корисна контрола со Романија, пораз на ракометната репрезентација на Македонија

Контролите против Романија и покрај поразите, беа корисни за македонската ракометна репрезентација, затоа што открија некои слабости на кои ќе треба да се работи во следниот период. Денеска Романија славеше со 28-24.

На домаќините им беше поважно да победат, тргнаа силно и рано направија солидна разлика која на полувреме изнесувааше пет голови (15-10).

Заедничко за двете полувремиња е што одличен беше Дан Василе на голот на Романија, тој бранеше речиси цел меч, а македонскиот селектор Кирил Лазаров повеќе ротираше и на сите им даде шанса.

Цветан Кузмановски во второто полувреме доби црвен картон, откако при седмерец, го погоди голманот в лице.

- Оглас -

Најнови вести