Вчера во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија, беа извлечени двојките за четвртфиналето во Лигата на шампионите кои донесоа три спектакуларни пресметки, Реал Мадрид – Манчестер сити, ПСЖ – Барселона и Арсенал – Баерн Минхен, а Кристијано Роналдо денеска ја даде својата за тоа кој е главен фаворит за трофејот.
Фудбалерот на саудискиот Ал-Наср на последната прес-конференција на својот тим беше запрашан кој е неговиот фаворит за освојување на титулата во ЛШ и Португалецот даде неочекуван одговор.
„Манчестер сити повторно има најголеми шанси за освојување на трофејот, но не се единствен фаворит. Кои се останатите фаворити? Покрај одличниот Манчестер сити, тоа се Реал Мадрид и Баерн Минхен. Сити беше неверојатен и морам да им честитам за минатата сезона. Конечно ја освоија ЛШ, а заслужија да ја освојат и порано. Уживање е да се гледаат“, изјави Роналдо.