Продолжува лошата серија за Астон вила, веќе 13 години не знае за триумф над Чеканите во Лондон (Видео)

Во единствениот денешен меч во Премиер лигата, фудбалерите на Вест хем ја продолжија успешната традиција против Астон вила. Чеканите одиграа 1:1 против Астон вила, и го забележаа вториот нерешен меч на домашен терен по ред откако претходно ремизира против Барнли (2:2).

Вест хем остана на седмото место на табелата со 44 бода, додека Астон вила е четврта со 56 бода, три повеќе од петтиот Тотенхем.

Со ремито, Вест хем исто така ја продолжи серијата на добри резултати против Астон вила кога игра пред своите гледачи. Последен пат тимот од Бирмингам славел во Лондон во далечната 2011 година.

Чеканите поведоа со голот на Марко Антонио во 29-тата минута. Голот на Антонио може да го видите на следниот ЛИНК.

Астон вила од пораз се спаси во 84-тата минута благодарение на голот на Николо Заниоло.

 

Во судиското продолжение, Вест хем постигна гол за 2:1 преку Џарод Боувен, но беше поништен поради играње со рака.

- Оглас -

Најнови вести