ПСЖ им се врати на победите, Мбапе со хет-трик го растури Монпелје (Видео)

По три нерешени средби во низа во француското првенство, екипата на ПСЖ конечно им се врати на победите, и тоа на убедлив начин. Светците вечерва го победија Монпелје со убедливи 2-6 на гостински терен. Играч на натпреварот беше Килијан Мбапе, кој постигна хет-трик, но и една асистенција.

ПСЖ дојде до брзо водство од 0-2, но домашните се вратија и израмнија на 2-2 пред полувремето. Во вториот дел комплетна доминација на гостинските фудбалери кои успеаја дури четирипати да ја затресат мрежата на Монпелје. Светците сега имаат +12 на врвот на табелата пред второпласираниот Брест.

- Оглас -

Најнови вести