Го „избришаа“ од репрезентативниот список на Италија поради тоа што на расна основа навредувал противнички играч

Дефанзивецот на Интер, Франциско Ачерби, е исфрлен од репрезентацијата на Италија по обвиненијата дека го навредувал Жуан Жесус на расна основа. На дербито меѓу Интер и Наполи, бразилскиот дефанзивец го обвини фудбалерот на Интер дека го навредувал на расна основа.

Ачерби демантираше дека се случило инцидент, но и покрај тоа, беше избришан од списокот на селекторот Лучијано Спалети за контролните мечеви против Венецуела и Еквадор.

„Ме навредуваше на расна основа, но веднаш по мечот дојде и ми се извини. Кога судијата ќе отсвири крај, сè се заборава и одиме понатаму. Знам дека Ачерби е добро момче и кога сфати дека претера, веднаш ми се извини. Паметен е, се надевам дека ќе извлече поука од ова“, рече Жесус по дербито на „Џузепе Меаца“.

На местото на Ачерби во италијанската репрезентација дополнително е повикан Џанлука Мансини.

- Оглас -

Најнови вести