Денеска во салата „ГСД Пецара“ во Широки Бриег, БиХ, ќе се одиграат три меча од 11-тото коло во АБА2-лигата, а последна на програмата ќе биде македонската пресметка меѓу МЗТ Скопје и ТФТ.
Македонскиот шампион по десет кола има учинок од седум победи и три порази и се наоѓа на делба на четвртото место со Широки и со евентуален триумф може да се израмни со Војводина, која во нецелосното 11-то коло е лидер со осум победи и три порази.
ТФТ пак има само две победи во десетте натпревари и се наоѓа на претпоследното 13-то место на табелата.
Очекувано, квотите се на страната на МЗТ Скопје, 1.19 е коефициентот да победат против ТФТ, кого сезонава веќе двапати го совладаа во македонскиот шампионат (78:56,68:63).