Кошаркарскиот клуб на Дубаи и офцијално доби потврда дека во селедната сезона ќе биде дел од АБА-лигата. Собранието на ова натпреварување даде „зелено светло“ за клубот од Обединети Арапски Емирати. Поддршка за оваа идеја дадоа најголем дел од клубовите (девет од 11), единствено членот на Партизан не гласаше, а немаше преставник од Будуќност.
A team from Dubai is set to compete in the ABA League next year 👀 pic.twitter.com/5NHKdWzYv0
— BasketNews (@BasketNews_com) March 19, 2024
Дубаи доби дозвола за играње во АБА-лигата во следните три години, а за возврат овој клуб ќе плати 4,5 милиони евра. Главна цел на тимот од Дубаи е да се избори за место во Евролигата, но, секако, првата сезона ќе мора да игра во Еврокупот.
Се најавува дека овој нов клуб во АБА-лигата ќе има буџет од 12 милиони евра.