Матераци: Не ме терајте да навивам за Јувентус, јас сум „интерист“

Марко Матераци, еден од најдобрите дефанзивци на Интер во последните 20-тина години, признава дека Јувентус го има најдобриот состав во Италија, посебно откако го доведе Кристијано Роналдо во своите редови. И покрај тоа што Јувентус е најдобар, Матераци вели дека никогаш не може да се случи да навива за гигантот од Торино.

„Јувентус има многу силен тим и секоја година игра важна улога во Лигата на шампионите. Сега се фокусирани да го освојат трофејот во ЛШ. Во Италија сите се фокусираат да направат чекор напред, а Јувентус се фокусира да го освои пехарот во Лигата на шампионите. Кристијано Роналдо им е главен адут. Тој е најдобриот фудбалер во светот. Нормално дека јас нема да навивам за Јувентус бидејќи сум „интерист“. Сепак, ако го освојат пехарот, ќе им честитам“, рече Матераци, кој блескаше и во дресот на италијанската репрезентација.

Јувентус утревечер ќе гостува во Мадрид против Атлетико, во меч од осминафиналето во Лигата на шампиони.

- Оглас -

Најнови вести