Најскап црвен картон во историјата на Јувентус, Влаховиќ добро ќе размисли дали во иднина ќе прави слични глупости

Управата на Јувентус одлучи драконски да го казни напаѓачот Душан Влаховиќ поради црвениот картон на неделниот натпревар против Џенова.

Според весникот „Газета дело спорт“, Јувентус ќе го казни Влаховиќ дури со 70.000 евра поради недолично однесување.

Напаѓачот заработи два жолти картона за неполна минута откако судијата свирна за прекршок во корист на голманот на Џенова по дуелот со Влаховиќ.

Играчот на Јувентус првиот жолт картон го доби поради бурната реакција, а веднаш следуваше нов жолт картон исто така поради негодување и приговор кон судијата.

 

Влаховиќ не се смири ниту при излегувањето од теренот, постојано гестикулираше, зборуваше сам со себе, а потоа му приговори и на својот тренер Масимилијано Алегри.
Алегри веднаш по мечот најави дека Влаховиќ ќе биде казнет, а клубот одлучи тоа да биде пет отсто од неговата месечна плата, односно 70.000 евра.

Србинот поради црвениот картон ќе го пропушти натпреварот од следното коло против Лацио.

- Оглас -

Најнови вести