Црвена ѕвезда со повратникот Милош Теодосиќ во составот ќе се обиде да го изненади Панатинаикос на евролигашкиот меч во Белград вечерва, а освен овој, се играат уште три меча на кои квотите за конечен тип се привлечни за многумина.
Иако Барселона е втора на табелата, вечерва е аутсајдер на гостувањето во Истанбул кај Фенербахче. Фенер е тим кој може да се пофали дека сезонава двапати го порази лидерот Реал Мадрид. На Фенербахче победата му треба во битката за првите шест места на табелата коишто водат директно во плејофот.
Монако својата триумфална серија би требало да ја продолжи и со победа над Манекените од Милано.
Црвена ѕвезда ќе проба да ја запре црната серија, но ќе биде тешко, скапиот состав на ПАО сака што побрзо да обезбеди плејоф. За Црвено-белите позитивно е што им се враќа главниот плејмејкер Теодосиќ.
Важен е мечот и на Валенсија со Баерн, тој што ќе победи, ќе се изедначи со Партизан во трката за десеттото место и учество во плејин-разигрувањето. Шпанците имаат четири порази по ред, а Баварците добија три од последните четири меча.
Доколку сакате да се обложите на индивидуалци, Sport Life ви нуди опции да погодувате број на поени, скокови и асистенции на кошаркарите во понудата.