Рони О‘Саливен има мисија со која сака да ја круниса врвната кариера

Британскиот снукер играч Рони О’Саливен најави дека оваа година сака да се обиде да ја освои рекордната осма титула на светскиот шампионат.

„Би сакал да се обидам да победам во Крусиблу. Тоа е тежок турнир. Трае 17 дена. Многу работи може да се случат. Би сакал да победам уште еднаш и да стигнам до осмата титула“, рече О‘Саливен, кој уште игра во врвна форма.

Најдобриот снукер играч на сите времиња сезонава освои пет турнири, и тоа: Мастерсот во Шангај, Отвореното првенство на Обединетото Кралство, Мастерс, Светското гранпри и Светскиот мастерс во Ријад.

Светското првенство во Шефилд ќе се игра од 20 април до 6 мај.

„Има многу добри играчи и секако дека е потребна среќа за да се стигне до врвот. Сепак, треба и да се игра добар снукер во вистинското време“, вели О‘Саливен, кој титулата за светски првак ја има освојувано во 2001, 2004, 2008, 2012, 2013 и 2020 година.

О‘Саливен моментално учествува на Светскиот отворен турнир во кинескиот град Јушану.

- Оглас -

Најнови вести