Фудбалската репрезентација на Србија загуби со убедливи 4:0 од Русија на пријателскиот натпревар кој се играше во Москва.
Руските фудбалери на крилјата на навивачите одиграа одлично, остварија убедлив триумф и го замислија селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси.
Русите поведоа во 22-рата минута со голот од пенал на Антон Миранчук, а работата на домаќинот беше олеснета со исклучувањето на Гајиќ во моментот кога го направи прекршокот за пенал.
Десет минути подоцна, Русија преку Максим Осипенко зголеми на 2:0, а во второто полувреме постигна уште два гола. Прво братот-близнак на стрелецот на првиот гол, Алексеј Миранчук, погоди за 3:0, а во судиското продолжение Сергеев го постави конечниот резултат.
Роберт Просинечки имаше перфектен старт на клупата на селекцијата на Црна Гора откако денеска во Анталија неговите фудбалери со 2:0 ја совладаа Белорусија.
Марушиќ го отвори резултатот во 27-мата минута, а победата ја потврди Никола Крстовиќ во 45-тата минута.
Црна Гора в понеделник во Анталија ќе игра против Македонија.