Една од најдолгите соработки во историјата на спортот е онаа помеѓу Фудбалскиот сојуз на Германија и произведувачот на спортска опрема „Адидас“. Репрезентацијата на Германија беше препознатлива по дресовите од „Адидас“, но сега дојде крајот на таа соработка.
Од Фудбалскиот сојуз на Германија објавија дека потпишале договор со „Најки“, кој е со важност од 2027 до 2034 година, а сето тоа значи дека „Адидас“ заминува во историјата по Светското првенство кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Германците откриваат дека главната причина за ваквата одлука е многу подобрата финансиска понуда на „Најки“. Германија и „Адидас“ соработуваа од 1954 година, кога ја освоија првата светска шампионска титула и произведувачот на спортска опрема беше дел од сите успеси на германските репрезентации.