Барселонаи Пари Сен Жермен ќе играат во четвртфиналето од Лигата на шампионите и тоа ќе биде еден од дерби дуелите во оваа фаза. Ова ќе биде пресметка и на тренерите Чави Ернандес и Луис Енрике кои беа соиграчи токму во дресот на каталонскиот гигант.
Енрике кој сега е предводник на ПСЖ, во периодот од 2014 до 2017 година ја предводеше Барселона и е еден од омилените ликови кај фановите. Токму затоа, навивачите на Барселона се надеваат дека Енрике ќе им „даде попуст“ па очекуваат Енрике за дуелот против каталонците да игра без Килијан Мбапе.
Најдобриот фудбалер на ПСЖ најави дека на крајот од сезоната ќе си замине од клубот и поради тоа Енрике на неколку средби од првенството го оставаше Мбапе на клупата за резерви.
„Ако донирате пет милиони евра во нашата фондација можеби и ќе го оставам Мбапе на клупата“, рече Енрике кој беше гостин на една стриминг платформа. Секако ова Енрике го рече на шега. Шпанскиот тренер потоа поентираше. „Мбапе е најдобар фудбалер во светот. Ќе постигне 50 голови и ќе има 25 асистенции без разлика кој му е тренер и без разлика во кој тим би играл“, не штедеше пофални зборови Енрике за Мбапе.
Luis Enrique on Twitch was asked, “How many subscribers to bench Mbappe vs Barca?”
🗣️ Luis Enrique: “If you donate 5 million euros to our foundation maybe I bench him.” pic.twitter.com/ixSguwbrKD
— Football Talk (@FootballTalkHQ) March 22, 2024
Иако официјално уште не е потврдено, Мбапе од следната сезона речиси сигурно ќе го носи дресот на Реал Мадрид, па се очекува во иднина да има уште многу пресметки против Барселона.