Изненадување: Играч со најголема плата во Ла Лига е дефанзивец

Францускиот магазин „Лекип“ ги објави имињата на фудбалерите во Ла Лига кои имат најголеми плати и очекувано играчите на Реал Мадрид и Барселона ја предводат оваа листа, но изненадување е името на фудбалерот кој е прв.

Иако многумина очекуваа тоа да биде некоја ѕвезда како Винисиус жуниор, Белингам, Левандовски, Гризман, сепак, фудбалер кој има најголема плата во Ла Лига е Давид Алаба.

https://twitter.com/theMadridZone/status/1770835222931689584

 

Алаба во Реал Мадрид пристигна во 2021 година од баерн Минхен како слободен играч и беше награден од претседателот на Кралевите, Флорентино Перес, со договор кој му носи 1.88 милион евра бруто месечна плата.

Веднаш зад Алаба е напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски кој заработува 10.000 евра помалку.

На делба на третото место се играчите на Реал, Џуд Белингам и Виниус жуниор и фудбалерот на Барселона, Илкај Гундоган, со по 1,68 милион евра месечно.

- Оглас -

Најнови вести