Се појави вест дека шкотски Абердин за кој игра Бојан Миовски, го сака Жељко Шопиќ за тренер, а Хрватот кој ја води Риека, и се бори за титула во Хрватска, негираше таква можност.
„Таму постојано врне, а тоа не е добро за мојата коса“, прокоментира Шопиќ во негов стил.
Шопиќ во минатата сезона ја спаси Горица од испаѓање, а оваа сезона ја предводи Риека до првото место во ХНЛ, па повеќе сака да се бори за титула дома отколку за опстанок во врнежливата Шкотска.