Јулијан Нагелсман ќе ја предводи Германија на Европското првенство кое ќе се одржи во неговата земја, но сè уште не е познато дали ќе остане селектор и завршување на континенталниот собир.
Неговиот договор истекува по завршување на ЕП, но по синоќешната победа на Германија од 2:0 над Франција, ги замисли Германците со неговата изјава. Тој порача дека продолжувањето на соработката со германската федерација ќе зависи од многу аспекти.
„Потребно е да решам многу детали со претставниците на Федерацијата, но и со агентите. Тие кои одлучуваат, наскоро ќе ги дознаат моите услови, па ќе проценат дали им одговараат или не. Но, морам да потенцирам дека финансиите не се најважни. Генерално, среќен сум кога луѓето во Федерацијата се задоволни од нашата работа. Сега фокусот ни е Европското првенство“, порача Нагелсман.
Младиот тренер е на мета не неколку европски гиганти, но до завршување на ЕП нема намера да носи никакви одлуки околу неговата иднина.