Каков пад: Во 2008 ја победија Барса кога беше најсилна, а сега на четвртолигашки меч загубија со 1-7

Животот носи многу подеми и падови, затоа треба да се ужива во секој убав момент бидејќи никогаш не се знае дали ќе се повтори или тие убави работи тогаш ќе се случат за последен пат и веќе никогаш.

Фудбалскиот клуб Нумансија е еден пример како може да се случи огромен пад по блескав момент.

На 31 август 2008 година, Нумансија во меч од шпанската Ла Лига ја победи тогаш моќната Барселона со 1-0. А, таа сезона Барса ги освои сите можни трофеи.

Денеска, 16 години подоцна, Нумансија е далеку од можност да повтори таков подвиг. Клубот е во четвртата шпанска лига и викендов во дербито за првото место загуби од директниот ривал Сан Себастијан де лос Рејес со убедливи 1-7.

- Оглас -

Најнови вести