Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, има план идното лето на „Камп ноу“ да донесе две големи ѕвезди од двата тима од Манчестер, Ерлинг Халанд и Бруно Фернандес, откако иднина сезона ќе ја искористи за финансиски да го стабилизира тимот.
Според каталонските медиуми, Лапорта смета дека трансферот на Халанд би можело да се реализира идното лето или евентуално во 2026 година, кога Барселона финансиски ќе се стабилизира и ќе може повторно да прави големи трансфери.
Лапорта има одлични односи со агентката на Халанд, Рафаела Пимента, која неодамна во едно интервју изјави дека го обожува претседателот на Барселона и дека не може да му каже не.
Извори од Барселона тврдат дека Халанд во 2022 година се согласил да потпише за Барселона, но каталонскиот тим поради фунансиските проблеми, не можеше да го реализира трансферот.
Наводно, тогаш Лапорта и агентот на напаѓачот, Мино Рајола, кој пред две години почина, се договориле трансферот на Халанд во Барселона да се резлизира за три години. По смртта на Рајола, сите негови клиенти ги презеде Рафаела Пимента, која му беше десна рака и се очекува таа да ја има клучната улога во евентуалниот трансфер.
Покрај Халанд, Лапорта идното лето планира да тргне по потписот и со капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандес.
Португалецот е фрустриран што со Јунајтед не може да со бори за титулите во Премиер лигата и во Лигата на шампионите, смета дека таа ситуација нема да се промени во блиска иднина и поради тоа е подготвен да си замине идното лето, една година пред истекот на актуелниот договор.
Според изворите од Барселона, Лапорта идното лето би можело да понуди и до 100 милиони евра за Фернандес и да го донесе на „Камп ноу“.