На најновата ранг-листа на ФИФА која ќе биде објавена на 4 април, машката репрезентација на Македонија ќе биде пласирана на 69-тото место во светот, што ќе биде пад за една позиција во однос на сегашниот ранг кој е актуелен од 15 февруари.
По нерешениот резултат против Молдавија и поразот од Црна Гора во мартовските контролни средби, ќе имаме осум поени помалку во однос на актуелната листа, па за Македонија дури и не е толку лошо што падот ќе биде само за едно место. Молдавија е далеку зад нас на ФИФА-листата, а и Црногорците се послабо рангирани.
Не е добро што продолжува трендот на паѓање и одење кон 70-тата позиција. Во февруари Македонија назадуваше за три места, сега ќе оди една скала подолу.