Жозе Мурињо по отказот во Рома, сè уште не пронајде нов ангажман, а сега за медиумите призна дека му недостасува тренерската работа.
„Многу е чудно да добиете отказ откако ќе ја однесете екипата до две европски финалиња. Тешко е да се разбере такво нешто“, изјави разочараниот Мурињо.
Специјалниот, кој минатиот викенд беше гостин на трката од Мото ГП класата која се одржа во неговата татковина, на медиумите им откри дека ситуацијата околу пронаоѓањето нов ангажман воопшто не е лесна.
„Факт е дека сè уште немам клуб и сум слободен. Сакам да се вратам на тренерската работа веќе налето. Португалски клуб? Никогаш не вели никогаш. Фудбалот е мој живот и сеедно ми е каде ќе работам, немам проблеми со тоа“, рече Мурињо.
Името на Португалецот во последните неколку недели со поврзуваше со екипите на Баерн Минхен, ПСЖ, како и со екипите од неизбежната Саудиска Арабија.