Мешаница за врвот на Западот, Дурант сам ги победи Денвер и Јокиќ (Видео)

Актуелниот НБА-шампион Денвер нагетс загуби на домашен терен од Феникс и дозволи да се создаде вистинска мешаница на врвот во НБА-лигата, со оглед на тоа дека пораз доживеа и Оклахома, а тоа го искористи Минесота и сега двете екипи со по 50 победи му дишат во врат на Денвер, кој има само еден триумф повеќе.

Кевин Дурант со 30 поени беше најзаслужен за победата на Феникс од 97-104 над Денвер на гостински терен, во чии редови Никола Јокиќ не можеше сè сам, иако на паркетот мина дури 42 минути. Србинот мечот го заврши со 22 поени, 10 асистенции и девет скока и за малку не успеа да дојде до нов трипл-дабл.

Резултати:

Шарлот – Кливленд 118-111
Орландо – Голден стејт 91-101
Вашингтон – Бруклин 119-122 (112-112)
Атланта – Портланд 120-106
Филаделфија – ЛА клиперс 107-108
Торонто – Њујорк 101-145
Чикаго – Индијана 125-99
Мемфис – ЛА лејкерс 124-136
Минесота – Детроит 106-91
Оклахома – Хјустон 126-132 (112-112)
Јута – Сан Антонио 111-118
Денвер – Феникс 97-104

- Оглас -

Најнови вести