Трент Александер-Арнолд, кој сезонава игра одлично, ја одби понудата на Реал Мадрид во летниот преоден рок да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
Иако претседателот Флорентино Перес веќе испланира и одвои финансиски средства за летен бомбастичен трансфер, според англиските медиуми, Александер-Арнолд го шокирал првиот човек на Кралевите, кому му порачал дека е целосно посветен само на еден клуб, Ливерпул и планира на „Енфилд“ да остане долго време.
Тој најверојатно налето ќе потпише нов договор со Ливерпул, со кого има цел да освојува трофеи.
Ливерпул и Арсенал се лидери на табелата во Премиер лигата со 64 освоени бода по 28 кола, додека актуелниот шампион Манчестер сити има еден бод помалку и овие три тима до крајот на сезоната ќе водат мртва трка за титулата.