Палмеирас ќе игра финале на плејофот во Паулиста првенството (шампионат на Сао Пауло) во Бразил, откако во полуфиналето со 1-0 го победи Новоризонтино, а стрелец беше Ендрик.
Младиот Ендрик, кој деновиве даваше голови за сениорската репрезентација на Бразил, и тоа на легендарни стадиони како „Вембли“ во Лондон и „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, сега и во дресот на Палмеирас, каде што игра како позајмен од Реал Мадрид, продолжи со серијата голови.
Palmeiras 1 x 0 Novorizontino
53'#PALxNOV pic.twitter.com/mp0A70KAAD— GolReplay – OficialAccount (@futebolista_fut) March 29, 2024