Рикардо Калафори од Болоња е еден од играчите за кои Јувентус изрази силен интерес да ги доведе во своите редови летово, но Калафори вели дека од лични причини никогаш не би потпишал за Старата дама.
Калафори е член на младата репрезентација на Италија, но не е импресиониран од понудата на Јуве. Договорот со Болоња му е до 2027 година.
„За мене заминување во Јувентус би било чекор назад во однос на Болоња, која е клуб кој работи на исправен начин. Попрвин би останал тука отколку на себе да облечам дрес на Јувентус. Мојот татко го презира Јуве, а јас го почитувам татко ми. Не постојат пари за кои би заминал таму“, вели Калафори.