1537 Бенфика – Шавеш (19.00 часот)
Тука јасно е кој е кој, Бенфика сигурно ќе победи, во спротивно може да се прости од титулата. Орлите имаат бод помалку од Спортинг, но и еден меч повеќе од градскиот ривал. Шавеш е последен на табелата и уште има шанси за опстанок, но тешко дека бодовите за спас ќе ги најде во Лисабон. Шавеш е тим со најмногу примени голови во португалската лига, а Бенфика е вториот најефикасен тим. Традицијата вели дека Бенфика кога игра дома со Шавеш, секогаш дава барем три гола.
Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.66)
1655 Гент – Стандард Лиеж (20.45 часот)
Ова е меч од првото коло во Белгија во разигрувањето за место во Конференциската лига. Се пренесуваат бодовите од основниот дел, па Гент стартува како прв на табелата, додека Стандард е четврти со седум бода помалку. Гент е фаворит на хартија, тимот од Лиеж последната гостинска победа ја има извојувано уште во септември. Од последните пет нивни меѓусебни дуели во Гент, дури четири завршија со победа на домашните од 3-1.
Предлог тип: 1 & 2-5 (2.16)
1701 Лил – Ленс (21.00 часот)
Лил е четврти, Ленс шести на табелата во француската Лига 1, се борат за излез во Европа, а разликата меѓу нив е само еден бод. Лил ремизираше во претходните две кола и има дури 10 нерешени резултати сезонава, а Ленс во претходните четири кола ниту еднаш не одигра нерешено. Лил дома не знае за пораз уште од крајот на септември минатата година, а Ленс нема пораз на гости во 2024 година. Претходните два меѓусебни дуелА им завршуваа со резултатот 1-1.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.09)
1301 Кадис – Гранада (21.00 часот)
Двата тима од југот на Шпанија се соседи од долниот дел на табелата и им се заканува испаѓање. Кадис е во поповолна ситуација, има осум бодА повеќе, но Селта, која е пред него во безбедната зона, му бега пет бода. Гранада има само две победи сезонава, има серија од три порази по ред и за нив опстанокот е речиси невозможна мисија. Гранада е тим со најмногу примени голови, но Кадис е најнеефикасниот тим во Ла Лига само со 20 гола на 29 меча.
Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.63)
1021 Ватфорд – Лидс (21.00 часот)
Лидс е во победничка серија, прв е на табелата во англискиот Чемпионшип, но тоа ништо не значи, има само еден бод повеќе од третиот. Лидс ја има најдобрата одбрана во лигата. Ватфорд е непредвидлив тим кој е далеку од битка за влегување во Премиер лигата, но засега не му се заканува ни испаѓање. Ватфорд е очаен домаќин, дури четири месеци нема победа на својот стадион. Есеноска беше 3-0 за Лидс, Ватфорд на три меча по ред против тимот од Јоркшир нема дадено гол.
Предлог тип: 2 & 0-3 (2.55)