Лидерот убедлив во дербито, Шкендија со важни бодови за опстанок (Видео)

Лидерскиот двоец на табелата во Првата женска фудбалска лига на Македонија, забележаа победи во дерби-дуелите од 19-тото коло. Првопласираниот, воедно и актуелен шампион на Македонија, тетовски Љуботен, со убедливи 1-4 победи на гостувањето во Струмица, против екипата на Тиверија.

Второпласираната Каменица Саса со 2-0 победи против Ас Јунајтед, а значајни победи во борбата за опстанок забележаа и екипите на Шкендија и Истатов. Тетовки на домашен терен беа убедливи против директниот конкурент, Цевитана од Прилеп, со 6-0, додека Истатов со 1-2 го победи Скопје. На последниот дуел, двете последнопласирани екипи, Речица и Топ Гол, одиграа нерешено, 1-1.

За девојките следува пауза во првенството поради настапот на репрезентацијата, а 20-тото коло на програмата е викендот, 13-ти и 14-ти април, кога во Тетово ќе се одигра дербито помеѓу Љуботен и Каменица Саса.

Резултати:

Шкендија – Цевитана 6-0
Каменица Саса – Ас Јунајтед 2-0
Тиверија – Љуботен 1-4
Скопје – Истатов 1-2
Речица – Топ Гол 1-1

Табела: 1. Љуботен 50, 2. Каменица Саса 49, 3. Ас Јунајтед 39, 4. Тиверија 38, 5. Скопје 26 (-1 натпревар), 6. Истатов 18, 7. Шкендија 16 (-1 натпревар), 8. Цевитана 13, 9. Топ Гол 11, 10. Речица 10.

- Оглас -

Најнови вести