Партизан доби финансиска инјекција во вредност од 3,2 милиони евра од државата

Фудбалскиот клуб Партизан од државата доби голема финансиска помош за учество во Европа следната сезона. Преку фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), на сметката на црно-белите биле уплатени 3,2 милиони евра, пишува српски „Журнал“.

Благодарение на овие пари, Партизан го помина мониторингот на УЕФА во врска со долговите. Сепак, со оваа сума не е изгаснат „финансискиот пожар“, затоа што останува „дупката“ од пет милиони евра кои ќе треба да се подмират.

Комисијата за лиценцирање на клубовите при ФСС е под мониторинг на УЕФА и има обрска да издаде иили одбие лиценца на сите оние српски клубови кои сакаат да играат на европската сцена.

 

- Оглас -

Најнови вести