Во Косово започна истрага: Мечот меѓу Балкани и Динамо Загреб бил наместен!?

Динано синоќа славеше против Хајдук во големото хрватско дерби, а веднаш потоа хрватскиот првак го дочека „ладен туш“ и тоа од Косово. Косовските власти подигнале истрага за можен наместен меч и тоа меѓу Балкани и Динамо Загреб.

Овој дуел се играше сезонава во рамките од групната фаза во конференциската лига на УЕФА, а косовскиот тим победи со 2:0, иако според квотите во обложувалниците, Динамо беше голем фаворит.

Обвинителството во Косово започна истрага, а тоа го потврди и портпаролката Лаурета Улај.

„Точно е дека се води истрага за тој меч и се превземаат истражни работи на државното обвинителство“, изјавила Улај за косовскиот весник „Национале“.

Средбата која е „под лупа“ се одигра на 5 октомври, а истрагата треба да открие дали Динамо одигра само еден многу лош меч и загуби со 2:0 или има некои други работи кои претходеле на поразот на хрватскиот првак.

Двата гола на балкани беа постигнати по аматерски грешки на дел од одбраната на Динамо.

- Оглас -

Најнови вести