Луис Енрике: А што ако Мбапе се премисли и остане во ПСЖ?

Пари Сен Жермен вечерва го очекува едно од најтешките гостувања, во Марсеј против Олимпик. Според бодовното салдо на табелата, ПСЖ има 20 бода повеќе, но кога гостува на југот на Франција, секогаш има „жежок дочек“.

Во пресрет на ова француско дерби, не можеше а да не се спомене темата околу заминувањето на Килијан Мбапе од ПСЖ, а интересен одговор даде тренерот Луис Енрике.

„Се надевам дека Мбапе ќе се предомисли и нема да си замине. Замислете сезонава да освоиме четири титули и во последен момент донесе одлука да остане. Што ако Мбапе одлучи дека Париз е неговиот дом? Зошто да не? Ќе видиме“, коментираше Енрике.

Актуелниот договор на Мбапе со ПСЖ е до крајот на тековната сезона, во која во 37 меча постигна 38 погодоци, а имаше и седум асистенции. Вкупно, во дресот на ПСЖ, Мбапе е со учинок од 250 погодоци и 106 асистенции во 297 натпревари.

- Оглас -

Најнови вести