Легендарниот дански голман, Петер Шмајхел, упати сериозни критики кон актуелните фудбалери на Манчестер јунајтед по вчерашното реми против Брентфорд.
Брентфорд и Јунајтед одиграа 1:1, со два гола постигнати во судиското продолжение, Црвените ѓаволи победоа во шестата минута од продолжението преку Мејсон Маунт, а три минути подоцна Кристофер Ајер го постави конечниот резултат.
„Вие ја гледате статистиката, контактите со топката, но јас гледам колку работи екипата, колку трча. Фудбалерите на Брентфорд истрчаа пет километри повеќе и мислам дека тоа кажува се, сакаа ја освојат секоја топка. Никој од сегашните фудбалери на Јунајтед не го прави тоа што го очекуваме.
Стандардите се ниски. Ние израснавме со сер Алекс Фергусон во клубот и моравме да бидеме горди на тоа што го правевме на теренот. Можевме да загубиме со 1:0, но Фергусон знаеше да ни каже дека тоа е ОК ако се боревме и се трудевме да ја освоиме секоја топка.
Ако го погледнете Ван-Бисака при израмнувачкиот гол ќе видите дека тоа што го правеше е под стандардите за Јунајтед. Тој оди и се шета на теренот. Тоа не е Манчестер јунајтед, тоа не е гордост и сигурно не се високи стандарди“, изјави лутиот Шмајхел.