Црвена ѕвезда ја обезбеди предноста на домашниот терен за плејофот во АБА лигата

Со вечерашната рутинска победа над СЦ Дерби од 94-76, екипата на Црвена ѕвезда си го обезбеди првото место на едно коло до завршувањето на регуларната сезона во кошаркарската АБА лига.

Ова значи дека белградските Црвено-бели ќе ја имаат предноста на домашниот терен во целиот плејоф, па за некој друг да биде првак, ќе мора да ја победи Ѕвезда во „Штарк арената“ во Белград кога на трибините ќе има само фанови на Ѕвезда.

- Оглас -

Најнови вести