Ајакс го суспендира генералниот директор само затоа што купил акции од клубот

Надзорниот одбор на Ајакс донесе одлука да го суспендира генералниот директор на клубот, Алекс Кроес, откако беше утврдено дека тој купил 17.000 акции од клубот со којшто раководи. Проблематичен е периодот кога се купени акциите, а тоа е само една недела пред да биде назначен на функцијата, што според членовите на надзорниот одбор, не е дозволено бидеји имал инсајдерски информации.

„Постапките на Алекс Кроес не се согласно со она што го застапува Ајакс. Моментот во којшто ги купил акциите значи дека тргувал со инсајдерски информации. Компанијата не може да толерира такво кршење на законот, без разлика што се работи за претседателот на раководството“, се вели во соопштението на Ајакс.

Речиси насекаде низ светот тргувањето со инсајдерски информации за да се обезбеди лична финансиска или друга корист е нелегално и казниво според закон.

- Оглас -

Најнови вести