Севилја и Лацио вечерва од 18 часот ќе го осиграт својот меѓусебен реванш-дуел од 16-финалето во Лигата на Европа, а причината зошто средбата се игра во среда, а не во стандардните термини во четврток, е јасна. Од безбедносни причини, не е пожелно во ист град во ист ден да се играат два меча од Лигата на Европа.
Домаќин на средба од ЛЕ е и Бетис, кој го пречекува француски Рен. Полицијата тешко би излегла на крај со четири навивачки групи низ градот и на стадионите во ист ден, па одлучено е Севилја да биде домаќин денеска, а Бетис утре. Интересно е што одлуката кој да игра во среда, а кој во четврток лежи во пласманот во Ла Лига во минатата сезона. Бетис беше шести, Севилја седма, па „зелено-белите“ добија предност да играат во стандардниот термин.
И Севилја (1-0) и Бетис (3-3) извлекоа добри резултати на првите мечеви, па имаат реални шанси да одат во следната фаза.