Еден од најдобрите ракометари на светот ја завршува кариерата!

Најголемата данска ракометна ѕвезда на сите времиња, Микел Хансен, наскоро ќе се збогува со спортот во кој е еден од најдобрите во светот повеќе од 15 години.

Хансен решил да стави крај на кариерата по завршувањето на сезонава, а тоа ќе го објави утре, на прес-конференцијата закажана за 12.30 часот. Договорот на Хансен со клубот Алборг е до 2025 година, но 36-годишниот ракометар решил да не го одработи до крај и да се пензионира.

Микел Хансен одигра 266 натпревари за Данска, постигна 1.350 голови. Има најава дека последниот меч ќе му биде летово, на Олимписките игри во Париз, град кој многу му значи. Токму во Париз, Микел Хансен играше 10 сезони за ПСЖ пред да се врати дома, во данскиот ракомет, со преминот во Алборг речиси пред две години.

Хансен трипати беше прогласуван за најдобар светски ракометар на годината и има освоено речиси сè што може да освои еден ракометар, му фали само титула од Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести