Менаџерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, изрази надеж дека следната сезона неговиот тим ќе биде претендент за титулата во англиската Премиер лига. Австралиецот роден во Грција додаде дека токму со оваа идеја дошол во лондонскиот клуб.
Тотенхем моментално се наоѓа на петтата позиција, со 11 бода помалку од лидерот Ливерпул на девет кола до крајот на лигата. Шансите за титула се загубени, а Постекоглу верува дека следната сезона ќе биде подобро.
„Се надевам дека ќе се бориме за титулата следната сезона. Затоа дојдов во клубот. Минатата недела некој ми рече дека треба само да си ја завршам својата работа. Мојата работа е да донесам успех“, изјави Постекоглу.