Манчестер јунајтед планира да го собори клупскиот рекорд кога станува збор за трансферите, и тоа поради 19-годишен португалски фудбалер.
Според португалски „Рекорд“, Манчестер јунајтед е подготвен да плати повеќе од 100 милиони евра за фудбалерот на Бенфика, Жоао Невеш, кој сезонава е еден од најдобрите играчи на лисабонските Орли.
„Рекорд“ пишува дека Бенфика ќе бара Јунајтед да ја плати откупната клаузула, која изнесува 120 милиони евра и нема да разговара за намалување на оваа сума.
Ова значи дека Јунајтед ќе мора да собори клупскиот рекорд ако го сака Невеш бидејќи засега најголемиот трансфер во историјата на клубот е тој на Пол Погба, кој од Јувентус на „Олд Трафорд“ пристигна за 105 милиони евра.