Проблем за МЗТ, без центарот Крстевски во четвртфиналето на плејофот дома и во АБА 2 лигата

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром се соочува со сериозен проблем во пресрет на финишот од сезоната откако деталните лекарски прегледи покажаа дека повредата на Бојан Крстевски е од посериозен карактер (има фрактура) и дека ќе мора да паузира во следните три до четири недели.

Искусниот центар го повреди прстот на десната рака на мечот против ТФТ на неодамнешниот турнир од АБА 2 лигата во Широки Брег, по што мораше да му биде имобилизиран.

Крстевски ги пропушти дуелите против Вардар и Академија ФМП од домашното првенство, а проблем е што нема да биде во тимот и на претстојните четвртфинални серии во двете натпреварувања (против Гостивар во домашното првенство и Широки во АБА 2 лигата).

Кошаркарите на МЗТ следниот меч ќе го одиграат в петок, на домашен терен против Гостивар, додека плејофот во регионалното натпреварување ќе го почнат на 10 април против Широки, исто така во салата „Јане Сандански“ во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести