Роналдо чекаше дури 13 години за да повтори такви мајстории (Видео)

Ал-Наср синоќа немаше милост и со убедливо 8:0 победи на гости кај Абха во првенството на Саудиска Арабија. Очекувано во фокусот на теренот беше Кристијано Роналдо. Португалецот кој има 39 години, уште еднаш покажа дека е незадржлив, откако само во едно полувреме постигна три гола, а имаше и две асистенции.

Од тие три погодоци, Роналдо двапати беше прецизен од слободен удар. Со тие два гола директно од слободен удар, Роналдо прекина еден голем пост. Цели 13 години поминаа откако Португалецот немаше постигнато два погодоци од слободен удар на еден натпревар.

Два гола директно од прекин Роналдо немаше постигнато од 2011 година, кога во дресот на Реал Мадрид погодуваше во дуелот против Вилјареал.

https://twitter.com/i/status/1775276899297873938

Роналдо сезонава има одличен учинок во првенството со 29 погодоци и 11 асистенции, но и тоа не е доволно Ал-Наср да е прв затоа што заостанува дури 12 бода зад Ал-Хилал, кој е без ниту еден пораз.

- Оглас -

Најнови вести