Фудбалската федерација на Турција конечно ги донесе одлуките за хаосот кој се случи по завршувањето на мечот меѓу Трабзон и Фенербахче, кога навивачи на домашниот тим ги нападнаа гостинските играчи.
Фенербахче победи, а незадоволните фанови на Трабзон втрчаа на теренот и го прекинаа славењето на гостите, сакајќи да се тепаат со нив. Неколку фудбалери на Фенербахче добија по некој удар, а најлошо помина голманот Доминик Ливаковиќ, кој беше удрен со бокс во главата.
Поради овој инцидент, Трабзон во следните шест меча на домашен терен ќе игра без присуство на навивачи, а овој клуб ќе треба да плати и околу 90.000 евра поради слабата организација. Фудбалерите Остерволде и Ирфан Кан се суспендирани на по еден меч, а интересно е дека гостинскиот фудбалер Брихт Самуел нема казна иако се тепаше со навивачите на Трабзон. Од Федерацијата сметаат дека Самуел морал да се тепа во самоодбрана и затоа нема да добие казна.