Двеминутен блесок на Воска против Македонија ЃП, доволен за охриѓани да бидат на чекор од финалето во Купот

Воска Спорт славеше со 2:0 против Македонија Ѓорче Петров во првиот меч од полуфиналето на Купот на Македонија. На стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, домашниот тим до позитива од два гола стигна со еден блиц-крик пред крајот на првото полувреме.

Во 38-мата минута Бобан Георгиев асистираше, а Медин Бајрами погоди за радост на домашните навивачи. Веќе во наредната минута беше 2:0 за Воска спорт, кога Георгиев овојпат реши сам да ја затресе мрежата на гостинскиот тим.

Реваншот од оваа полуфинална пресметка ќе биде на 17 април, а Македонија Ѓорче Петров, кој е актуелен бранител на трофејот во Купот, ќе има тешка задача да ја анулира негативата од два погодоци.

Во второто полуфинале, вчера без голови играа Шкупи и Тиквеш, па на реваншот во Кавадарци ќе мора да има погодоци за да се дознае патникот во финалето.

- Оглас -

Најнови вести