По инцидентот што го приредија навивачите на Хајдук Сплит, популарната Торцида, хулиганите ја шокираа и полската јавност бидејќи десетина маскирани лица упаднале на тренинг на второлигашот Заглебје Сосновиец и го претепале тренерот Александр Хацкевич.
Тие упаднале на тренингот со цел да разговараат со тренерот и со фудбалерите, но не се завршило на разговор, туку Хацкевиц добил неколку удари во лицето.
Клубот го потврди инцидентот и објави дека тренерот наскоро ќе го напушти клубот.
„Што и да кажам, ќе изгледа како изговор. По мечот против Катовице, разговарав со играчите и можам да кажам дека не сносам вина за лошиот резултат и поразот од 4:0. Пред мечот разговаравме за составот и играчите сами си поставија тактика и стратегија за игра“, изјави Хацкевич.
Skandal na zapleczu ekstraklasy. Na środowym treningu pogrążonego w głębokim kryzysie Zagłębia Sosnowiec miano pobić trenera drużyny Alaksandra Chackiewicza.https://t.co/ohm2gp3R6y
— TVN24 Sport (@tvn24sport) April 3, 2024
Заглебје Сосновиец игра очајно сезонава, се наоѓа на последното место во втората полска лига со освоени само 13 бода и ќе се преселат во понизок ранг на натпреварување.