Кошаркарите на Партизан со голема победа се враќаат од евролигашкото гостување во Берлин. „Црно-белите“ од Белград победија со 83-94 и остануваат во игра за пласман во плејинот, но за такво нешто освен победа против Валенсија во последното коло на домашен терен, ќе го чекаат исходот и од останатите натпревари.
Мечот во Берлин мина во комплетна доминација на Партизан, а домашната Алба успеа да ја добие само третата четвртина, и тоа со минимални три поени разлика. Белграѓани уште од првата минута тргнаа жестоко и ги добија првите две четвртини со убедлив резултат за високи +13 на полувремето. Во вториот дел домашните се обидуваа да се вратат, но Партизан не дозволи изненадување и сосема заслужено ја победи најслабата екипа во лигата.
Тиеман од Алба беше најефикасен на мечот со 20 поени, додека во победничкиот состав најмногу поени уфрли Американецот Нанали, 17.