Висла Краков, еден од најпознатите фудбалски клубови во Полска, се пласира во финалето на Купот, што е голем успех ако се знае дека овој клуб во последно време е во криза и моментално е дел од втората лига.
Иако обезбедија место во финалето на Купот, од Висла Краков се заканија дека може да го бојкотираат финалето, а причина за тоа се нивните навивачи. Фановите на Висла се казнети со три меча забрана на присуство на гостински терен во Купот поради фрлање на факли.
Сезонава Висла одигра пет меча на домашен терен во Купот и таа казна едноставно немаше кога да се одработи, па според правилата, навивачите на Висла нема да смеат да бидат на трибините и да ги бодрат своите миленици во финалето.
Претседателот на Висла, Јарослав Кролевски, се закани дека неговиот тим нема да се појави на финалето кое треба да се игра на 2 мај против екипата на Погон. Финалето е закажано да се игра во Варшава.
„Висла Краков нема да игра во финалето на националниот стадион ако не биде дозволено нашите навивачи да се појават на трибините. Ако организаторот не може да гарантира безбедност, што би било срамота, тогаш да играме во Краков или во некој друг град“, беше реакцијата од Кролевски.
Сега се чека рекација од Фудбалската федерација на Полска дали ќе биде поништена суспензијата и Висла да може да има свои навивачи во финалето на Купот.