Македонскиот репрезентативен дефанзивец, Висар Муслиу, вечерва го постигна својот втор гол во дресот на германскиот второлигаш Падерборн, но за жал, тимот беше поразен од Херта со 2-3.
Муслиу даде гол во 60-та минута, во тој момент за водство на Падерборн од 2-1. Сино-белите од Берлин пресвртот го направија со голови во 87-ма и 90-та минута.
Голот на Муслиу погледнете го ТУКА.
За Падерборн ова е трети пораз по ред, и тимот се оддалечува од разигрувањето за влез во Бундеслигата, сега се на седум бодови негатива зад третопласираната Фортуна Диселдорф.