Кога менаџерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, застанува пред микрофоните на прес-конференција, новинарите во Англија уживаат, се знае дека тој ќе каже нешто интересно што ќе предизвика реакција и коментари.
Така беше и сега во пресрет на дуелот на Петлите со Нотингам Форест. Австралиецот со грчко потекло, рече дека фудбалерите треба да сакаат да играат за Тотенхем, без никакви задни намери.
„Не сакам играчи на кои во паметот им е само Лигата на шампионите. Таквите не сакаат да играат за Тотенхем, туку би дошле кај нас само затоа што ние би играле во ЛШ. Не сакам такви играчи во Тотенхем, кој бара по секоја цена да игра во ЛШ, нека оди во друг клуб. Во Тотенхем би довел играчи кои навистина сакаат да играат за Тотенхем, кои го знаат клубот и предизвиците кои ги имаме“, рече Постекоглу.