Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, го победи актуелниот првак и лдиер на табелата, Струга Трим Лум, со 1-0, со што после ова коло Црвено-црните малку побегнаа од делот на табелата кој води во втора лига или баражот.
За Вардар ова е прва победа над стружани после четири години, а стрелец на голот беше Ѓуриќ во 73-та минута.
За Струга среќна околност е што ривалите во трката за титулата, Шкупи и Шкендија, истотака не победија против екипи од дното на табелата. Важни три бода освои Брегалница против Шкупи со што штипјани прекинаа црна серија и се враќаат во битка за опстанок.
РЕЗУЛТАТИ: Брегалница – Шкупи 1-0, Македонија Ѓорче Петров – Шкендија 1-1, Тиквеш – Брера Струмица 3-1, Вардар – Струга Трим Лум 1-0, Воска спорт – Работнички 1-1.
ТАБЕЛА: Струга 54 бодови, Шкупи 51, Шкендија 49, Силекс 37, Тиквеш 36, Гостивар 33, Брера 30, Вардар 29, Работнички и Воска по 28, Македонија ЃП и Брегалница по 25.